Европскиот сојуз за промени не се согласува Џафери да биде технички премиер, велат дека ДУИ ги измами Албанците

by Fokus

Европскиот сојуз за промени ја обвини ДУИ дека билa, е и ќе остане неуспешна партија. Од здружената албанска опозиција, составена од три партии, го критикуваат изборот за технички премиер.

-Замислете, од Насер Зибери како премиер со целосни овластувања, завршија кај премиерот Талат Џафери кој самиот ќе има административни овластувања.

Европскиот Сојуз за Промени дефинитивно е ПРО за да има премиер Албанец. Но, против албанскиот премиер е и самата ДУИ, која ја загуби можноста да има премиер Албанец пред четири години кога ги измами Албанците да гласаат за Насер Зибери, додека ДУИ гласаше за Зоран Заев, а потоа за Димитар Ковачевски во Собранието за премиер. Зошто?

Затоа што ДУИ не е заинтересирана за високи државни функции да работи во интерес на Албанците и државата, туку само да манипулира со јавноста и да краде, и да носи инвеститори за казинa и обложувалници од Србија и Русија, порачуваат од БЕСА, Алтернатива и Демократско движешње.

Поврзани новости