„Европскиот сојуз за промени“ деновиве ќе го соопшти името на претседателскиот кандидат

by fokus

Името на претседателскиот кандидат со кој на изборите на 24 април ќе настапи коалицијата „Европски сојуз за промени“ е веќе познато, а во наредните денови ќе биде и јавно објавено, соопшти на Фејсбук, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши чија партија е дел од тројката опозциски партии на Албанците.

-Денеска, кога и официјално се распишуваат претседателските избори, сакам да ја информирам јавноста дека ‘Европскиот сојуз за промени’ веќе има свој кандидат за претседател. Сојузот има кандидат кој влегува во оваа трка за да победи и да стане претседател на С Македонија, кој нема да биде ‘другиот’, туку ќе биде ‘нашиот’, напиша Гаши.

За кандидат за претседател на албанскиот опозициски блок се споменуваше Арбен Таравари, оваа опција се уште не е исклучена, а се споменува и името на лидерот на Беса, Билал Касами.

Поврзани новости