Европскиот синдикалец: Странските инвеститори да даваат плата и да ги почитуваат работниците како во своите земји

by fokus

Странските инвеститори да се обврзат да обезбедат исти услови за работа како во земјите од кои доаѓаат, минималната плата да го достигне нивото на минималната потрошувачка кошничка, а посебен акцент да се стави на колективното договарање.

Ова го порарача денеска генералниот секретар на европската конфедерација на синдикати Лука Висентини по средбата со премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски на која се разговарало за новиот Закон за работни односи кој е во подготовка.

– Иако Владата прави напори за пораст на домашниот бруто производ и нивото на платите но платите сѐ уште не се на соодветното ниво. Минималната плата не го достигнува нивото на синдикалната потрошувачка кошничка. Добро е што има странски инвестиции кои обезбедуваат вработувања, но треба да им се стават услови тие да ги почитуваат работниците исто како во земјите од коишто доаѓаат – рече Висентини.

Дарко Димовски, претседател на ССМ информира дека главни барања на синдикатите во однос на новиот Закон за работни односи се ограничени договори за ограничување на договорите на дело, породилно боледување од 12 месеци, работна недела од 38 часа…

– Предлозите на синдикатот ќе бидат вградени во Законот за работни односи само ако за нив се обезбеди консензус со работодавачите низ социјалниот дијалог во кој за овој закон се вклучени и стопанските комори и академиците – дополни министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Премиерот Зоран Заев, говорејќи за текстот на новиот Закон за работни односи рече дека во конечниот текст ќе има пријатно изненадување за сите за кои се однесува.

– Очекувам да се најдат решенија за сезонската работа, работа од дома, ноќна работа, диксриманизаија, за пристојни плати мајчинството …. и ова законско решение во практиката да доживее полна имплементација за да бидат сите задоволни – рече Заев.

Заев рече дека Владата ги следи и современите трендови во однос на работното време од 4 часа и продалбочување на социјалниот дијалог, но како што рече, се следат и актуелните трендови според кои работниците во земјава се помалку почитувани во однос на оние во ЕУ, но се и помалку продуктивни.

Поврзани новости