431
Европскиот парламент повика на формирање на Трибунал за настаните во Украина, во резолуцијата што беше усвоена на денешната седница во Стразбур.
Документот, во кој се бара формирање на трибунал за, како што го нарекоа пратениците „злосторство агресија врз Украина“, го поддржаа 472 пратеници, 19 беа против, а 33 воздржани, пренесува ТАСС.
Резолуциите на Европскиот парламент не се правно обврзувачки, но нашироко се користат од страна на ЕУ во медиумите и политиката за промовирање конкретни позиции.
Киев и неговите сојузници редовно бараат формирање на специјален трибунал за Украина. Русија ја смета таквата идеја „апсурдна“.