661
Европратениците поднесоа 236 амандмани на нацрт-извештајот на тој парламент за Црна Гора, чиј автор е известувачот за Црна Гора, Тонино Пицула.
Со измените, чија содржина протече во јавноста, поконкретно се бара реформа на изборното законодавство, посилна борба против корупцијата и заштита на правата на националните малцинства.
Еден од амандманите, се однесува на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, пишуваат тамошните медиуми.
Тој е обвинет дека е вмешан во неколку случаи на злоупотреба на највисоко државно ниво, и дека Панамските документи откриле дека тој и неговиот син основале офшор компании во неколку даночни раеви.