Заканата кон претседателот на АА, Арбен Таравари, е сериозен чин против демократијата и европските вредности, порачаа од Европскиот сојуз за промени.
„Јасно се гледа дека ДУИ не може да излезе од минатото и да стане дел од европските вредности. Криминализираната власт, сега поддржана и од Зиадин Села, продолжува со стилот на закани и убиства кон сите кои ја загрозуваат нејзината позиција во Владата.
Денешната случка, каде во дворот на куќата на Арбен Таравари му беше оставен куршум, докажува дека ДУИ и Зиадин Села како партнери на СДСМ немаат ништо заедничко со Европа и нејзините вредности. Ги разоткрива и проруските и просрпските политики.
Денешната закана против Таравари докажува дека оваа влада спроведува антиевропски акции. Познати се само Владимир Путин и Александар Вучиќ кои се закануваат во ваков стил.
Додека за ДУИ јасно говори и минатото. Бидејќи пред централниот штаб на оваа партија имаше размена на оган, повредени и загинати, во штабот на ДУИ во Куманово беше убиен командант Шќипоња, по војната беа убиени стотици војници и команданти на ОВК, меѓу кои и Харун Алиу“ соопштија од партијата.
Оттаму бараат случајот со заканата против Арбен Таравари, полицијата во најбрз можен рок да го реши и да го пронајде лицето кое го ставило куршумот во дворот, како и нарачателот.
„Ваквиот начин на функционирање на ДУИ и СДСМ, воопшто не ја плаши опозицијата, туку само ја направи помоќна, поорганизирана и ја запечати победата. Никој не може да ја запре динамиката на народот за промени. Ова е голем аларм за меѓународниот фактор на кој сега му е повеќе од јасно што се случува кај нас и со каква моќ си има работа!“ порачаа од Европскиот сојуз за промени.