Европски Сојуз за Промена: Како помина вечерата на Бујар Османи со Груевски!?

by Fokus

ДУИ се уште макотрпно се обидува да го врати Никола Груевски во Скопје „без трн во ногата“, бидејќи неговото враќање од Будимпешта, на оваа партија, им значи многу, соопшти Европски Сојуз за Промена.

„Им значи, бидејќи ДУИ единствениот спас го гледа во враќањето на Груевски. Ова е сон на ДУИ, но за нивна жал, сегашната реалност не е сон, туку доказ кој покажува дека во Северна Македонија имаме влошување на состојбите во секој аспект и во секоја сфера.

Веќе постојат докази дека ДУИ преку разни начини и форми е во контакт со Никола Груевски, со кого се испитуваат можностите за негово враќање, од што би зависела судбината на ДУИ, заедно со СДСМ.

Па јавно прашуваме како помина вечерата на министерот Бујар Османи со Груевски на 06.09.2023 година во Будимпешта? Каков вкус имаше оваа вечера и како ќе се реализира „триумфалното“ враќање на Груевски?“ порачаа од Европски Сојуз за Промена.

Поврзани новости