Европски „Политико”: Македонија последна ќе влезе во ЕУ, после 2030-та

by fokus

Од земјите во Западен Балкан, Македонија последна ќе стане членка во Европската Унија, прогнозира европската издание на порталот „Политико”, посветен на работата на Европската Унија и нејзиното проширување, а пренесе Мета.

Порталот пишува дека земјите од Западен Балкан нема да станат дел од европското друштво пред 2025-та година.

-Македонија има 50 отсто шанси да влезе во ЕУ, но не пред 2030 година. Иако земјата има помалку внатрешни проблеми од Босна, „преговорите за членство се болно бавни“, пишува „Политико“.

Како  пречка во евроинтеграциите се наведува проблемот со името со Грција, затегнати односи со Бугарија, како и постојаните забелешки на ЕУ и на меѓународната заедница за степенот на демократија и за владеењето на правото.

„Политико“ оценува дека прв кандидат за членство во 2025 година би можела да биде Албанија

Поврзани новости