За прв пат по потпишувањето на Охридскиот договор, политичар кој себеси се нарекува Албанец јавно се противи на правичната и соодветна застапеност во јавната и државната администрација, велат од Европскиот фронт.
„Арбен Таравари во својата објава на Фејсбук вели дека помина времето кога луѓето се разликувале по етничка основа при вработување, обидувајќи се да го оправдаат раскинувањето на договорите и заминувањето на стотици Албанци од државните институции.
Оваа изјава на Таравари е во согласност со изјавите на Мицкоски, Стоилковиќ и Димитриевски, против Балансерот и против уставното начело за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите немнозински заедници во државата.
Арбен Таравари наместо да го запре настојувањето на ВМРО и ЗНАМ за деалбанизација, ја презема улогата на слуга и ги оправдува ваквите антиалбански постапки.
Јавно бараме останатите претставници на коалицијата вЛЕН да се изјаснат, дали се согласуваат со ставот на Таравари или се оградуваат од него?
Овој став не може да се оправда поинаку освен сервилност и во служба на агенди против Албанците.
Моноетничката Влада и нивните колеги од албански јазик треба да знаат дека овој принцип и Охридскиот договор се постигнати со многу посветеност, и се спроведуваат со политички напори повеќе од две децении, додека гарантите се САД и европската Унија“ се наведува во соопштението на Европскиот фронт.