Од „Европски фронт“ денеска на прес-конференција информираа дека до Управниот суд ќе ги обжалат донесените одлуки за приговорите што се однесуваат за Изборните единици 5 и 6.
– Ве известуваме дека веќе ги алармиравме сите надлежни институции и меѓународниот фактор бидејќи имаме точни информации дека во петокот преку политички притисок им биле дадени партиски инструкции на членовите на Државната изборна комисија од нивното седиште. Нагласуваме дека овие дејствија претставуваат кривични дела и „Европскиот фронт“ ќе ги преземе сите неопходни мерки и ќе ги искористи сите демократски форми за заштита на слободниот глас на граѓаните. Во таа насока, ве известуваме дека веднаш по донесувањето на одлуката истото ќе го обжалиме и до Управниот суд, рече Елми Азири.
ДИК прифати седум приговори, шест во Изборната единица 5 и еден во Изборна единица 6
Азири смета дека донесената одлука за прегласување е неправедна.