Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе го посети францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, а главна тема на разговорите ќе биде европската политика.
Првично, француско-германскиот Совет на министри требаше да се состане во Фонтенбло во близина на Париз, но состанокот беше одложен минатата недела.
-Како причина за одложувањето тој ја наведе потребата од координација за „билатералните прашања“, изјави портпаролот на германската влада.
Елисејската палата соопшти дека е потребно повеќе време за координација за одбранбените и енергетските прашања и дека одложувањето не значи ништо за состојбата на француско-германските односи.
И покрај одложувањето, Шолц и Макрон се состанаа во четвртокот пред самитот на ЕУ во Брисел, но главно разговараа за подготовка на консултации со другите 25 шефови на држави и влади на членките на Унијата.