967
За прв пат во прес центарот на Европската Комисија, Извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан се пренесуваше со преводи на јазиците од регионот, меѓу кои се слушаше и македонскиот јазик.
Односно прес конференцијата на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји се преведуваше и на македонски јазик.
Во најновиот извештај е констатирано дека корупцијата е распространета во многу области и треба да се обезбеди попроактивен пристап од сите чинители вклучени во спречувањето и борба против корупцијата.
Исто така е наведено дека треба да обезбеди одржливо решение за случаите на Специјалното обвинителство и да утврди одговорност за кривичните дела што произлегуваат од и се поврзани со незаконското прислушување.