Европската комисија тужи шест земји членки на ЕУ поради загадување на воздухот

by fokus

Европска комисија одлучи да поднесе тужби пред Европскиот суд за правда против Германија, Франција, Унгарија, Италија, Романија и Велика Британија поради кршење на одредбите за квалитетот на воздухот.

Франција, Германија и Велика Британија ќе бидат тужени поради непочитување на ограничувањето на азот диоксид, а Унгарија, Италија и Романија бидејќи не успеале да го намалат нивото на штетни честички.

Додека Шпанија, Словачка и Чешка нема да бидат тужени бидејќи ветија мерки кои ќе овозможат да се исполнат стандардите на ЕУ за квалитетот на воздухот.

Поврзани новости