803
Европската комисија денеска предложи воведување на Дигитален зелен сертификат за патување во земјите на ЕУ, познат како „ковид пасош“, кој ќе содржи податоци дали лицето е вакцинирано против коронавирусот, дали стекнало имунитет по прележаната зараза или има негативен ПЦР тест.
– Функцијата на овој сертификат е да потврди дали лицето е вакцинирано, дали има негативен тест или дали закрепнува од Ковид-19 и има антитела, изјави пред новинарите претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Таа додаде дека податоците од „ковид пасошот“ ќе бидат признати од сите земји членки.
– Целта на сертификатот е да овозможи слободно движење на безбеден начин, нагласи Фон дер Лајен.