Европската Комисија го доби најмладиот министер

by Fokus

Претседателката Урсула фон дер Лајен му го додедли ресорот заштита на животната средина и океани на најмладиот ецврокомесар во историјата на ЕУ, 28 годишниот литвански министер за економија и иновации , Вирџиниус Синкевициус.

Станува збор за ресорот , што е на ударот на се поголем број гласачи во земјите на ЕУ , кои бараат одговори на жешките прашања поврзани со емисијата на штетни гасови и климатските промени.

Наместо ,,рибарство” , Лајен го смени ресорот во ,,океани” , но сепак надлежностите се истите што ги иамше и досегашната комесарка од Малта, Кармена Вела.

Во 2016 година, Вирџиниус Синкевичиус стана пратеник во парламентот во Литванија. Тој е член на литванската селанска партија, која припаѓа на Зелените, и покрај тоа што досега не била нивна официјална членка.

Поврзани новости