Европската федерација на новинари загрижена за слободата на медиумите во Албанија

by fokus

Европската федерација на новинари и Европската радиодифузна унија испратиле писмо на загриженост до еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, за моменталната ситуација со слободата на медиумите во Албанија.

Напишано од мрежата SafeJournalists, која вклучува повеќе од 8.200 членови во Западен Балкан, поставува неколку прашања и бара реакција, поддршка и помош, пишува Exit News.

Првата загриженост е поради тоа што нема избрано генерален директор на албанската радотелевизја (РТШ) повеќе од седум месеци.

-Загрижени сме дека нема суштинско оправдување за одложување на изборот на нов генерален директор, чија улога е клучна за претставување на РТШ како единствен јавен сервис во Албанија. Загрижени сме и за предлозите на привремениот директор на институцијата за промена на организациската структура на нацоналниот сервис, што е спротивно на неговиот мандат како преоден вршител на должноста директор, стои во писмото.

Се додава дека овој преоден период може да доведе до потенцијална злоупотреба на власта и нарушување на РТШ, што потенцијално може да влијае на целокупната слобода на медиумите во Албанија.

Втората грижа е создавање нова владина агенција за медиуми и информации, која ќе ја централизира целата владина комуникација, ќе ги следи медиумите и јавното мислење, а ќе ја води портпаролот на премиерот Еди Рама. Тој ќе биде на исто ниво со државните министери и ќе одговара пред Рама.

Поврзани новости