На европската премиера во Париз на PEUGEOT INCEPTION CONCEPT, PEUGEOT избра да ги здружи силите со францускиот дизајнер Emeric Tchatchoua, основач на брендот 3.PARADIS. Оваа соработка е приказна за споделени инспирации и заеднички оптимистички поглед на иднината со “Allure”.
PEUGEOT започнува серија соработки со извонредни уметници од новата генерација, а следната епизода ќе биде претставена на “Design Week” во Милано од 18 до 23 април 2023 година.
ALLURE: PEUGEOT INCEPTION CONCEPT извор на инспирација.
EMOTION: Два уникатни елементи со европска премиера.
EXCELLENCE: Споделено знаење на страсни дизајнери.
За PEUGEOT, светот е подобар со “Allure”. Тоа значи дека иднината мора да се замисли со стил, креативност и амбиција, во којa луѓето се во центарот на процесот на развој. Токму оваа оптимистичка визија за иднината ја изразува PEUGEOT INCEPTION CONCEPT. Овој концептен автомобил е олицетворение на мачкаста и авангардна привлечност, невидени возачки сензации и 100% електрична технологија која ги комбинира перформансите и ефикасноста.
PEUGEOT INCEPTION CONCEPT ја имаше својата светска премиера на 5-ти јануари на CES во Лас Вегас, пред да биде изложен во Париз на 23-ти и 24-ти март. По повод оваа европска премиера, PEUGEOT влезе во нова ера, претставувајќи ја својата визија за иднината на автомобилите.
PEUGEOT INCEPTION CONCEPT означува голема трансформација на брендот:
· Нова генерација на PEUGEOT i-Cockpit® со интегрирана „steer-by-wire“ технологија, елиминирајќи го управувачот во корист на Hypersquare контролата,
· Ентериер кој за патниците овозможува ново искуство во внатрешноста,
· Дизајнот на следната генерација на електрични возила PEUGEOT, кои пристигнуваат до 2026 година, е врз основа на домашна електрична платформа „BEV-by-design“,
· Нови техники кои ќе се применат за да се намали јаглеродните емисии и да се постигне целта Carbon Net Zero (нула јаглеродни емисии) до 2038 година.
PEUGEOT INCEPTION CONCEPT и Emeric Tchatchoua, основач на брендот 3.PARADIS.
За време на презентацијата на PEUGEOT INCEPTION CONCEPT во Париз, PEUGEOT најави соработка со талентираниот француски млад дизајнер, Emeric Tchatchoua, основач на брендот 3.PARADIS.
Emeric Tchatchoua откри уникатно парче облека инспирирано од концептниот автомобил. Оваа јакна е технолошки подвиг, играјќи си со оптичка илузија благодарение на леќестиот 3D принт кој ја менува бојата во зависност од аголот на гледање. Оваа јакна го отсликува внатрешниот дизајн на PEUGEOT INCEPTION CONCEPT и ја користи истата 3D технологија на материјал кој исто така се наоѓа на подот на возилото. 3D печатењето е револуционерно, ефикасно и може да се рециклира, произведено во соработка со STRATASYS и France dyes.
Ова ексклузивно модно парче е резултат на сорабитка помеѓу два креативни, визионерски брендови кои споделуваат заеднички вредности како привлечност, емоции, извонредност, оптимизам, слобода и хуманизам.
Соработка која ја потврдува желбата на PEUGEOT да ги направи дизајнот и создавањето на идната визија за автомобилите.
Linda JACKSON, Извршен директор на PEUGEOT: „Воодушевена сум што PEUGEOT ја започнува својата серија креативни соработки со Emeric TCHATCHOUA, кој со лансирањето на брендот 3.PARADIS пред 10 години, се истакнува како еден од најперспективните млади таленти во модниот свет. Неговиот пристап кон иновациите, каде ги става емоциите и човечкиот елемент во срцето при процесот на создавање, е совршено во склад со вредностите на PEUGEOT“.
Matthias HOSSANNМ, Менаџер на дизајн на PEUGEOT: „Работата на Emeric TCHATCHOUA за 3. PARADIS околу слободата, надежта и единството ја одразува неговата желба да има позитивно влијание врз општеството. Неговиот дизајн особено резонира со филозофијата на PEUGEOT INCEPTION CONCEPT, чија употреба на материјали преку светлина ги изразува истите вредности.Оваа соработка е приказна за многу убава средба“.
Emeric TCHATCHOUA, основач на 3.PARADIS: „За време на мојот прв разговор со тимовите на PEUGEOT, веднаш сфатив дека имаме многу заеднички точки, како што е употребата на дизајнот за позитивно влијание врз светот околу нас, како и желбата да се поттикне чувство на слобода. За мене е чест и огромна привилегија што можам да соработувам со PEUGEOT и нивниот неверојатен тим, за да ја шират нашата порака и нашите заеднички вредности“.
ПР текст