По информацијата дека во Грција е регистриран првиот потврден случај на метапневмонија, односно на вирусот ХМПВ, денеска се огласија од Европската комисија (ЕК).
Портпаролката на ЕК за социјални права, еднаквост, култура и здравство, Ева Хрнчирова изјави дека во моментов не е неопходно Европската Унија да се подготвува за нова пандемија.
Таа вели дека се свесни за извештаите во медиумите и за ситуацијата во Кина, каде според информациите има зголемен број случаи на лица заразени со метапневмонија вирусот.
„Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) е многу внимателен во следењето на ситуацијата и за тоа ќе дискутира и Комитетот за здравство и состојбата ќе се следи и во наредните недели“, рекла Хрнчирова.
И надлежните во земјава денеска излегоа со смирувачки тонови дека нема простор за паника.
Симптомите се како кај грипот – секреција, кашлање, кивање, телесна температура, болки во зглобови.
Метапневмовирусот најчесто се пренесува преку близок контакт, преку допир на контаминирани предмети па потоа допирање уста, нос, очи.
Вообичаено дава горнореспираторни симптоми, а поретко долнореспираторни.