„Скопје мора да ги направи ветените уставни измени за да продолжи по својот пат на евроинтеграции.
Ова го изјави портпаролката на ЕК Ана Писонеро во врска со изјавите на новата влада на Северна Македонија, предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пренесе БГНЕС.
Мицкоски побара промена на Рамката за преговори со Европската Унија. Тој изјави дека нема да го менува Уставот на земјата за да ги вклучи Бугарите во него.
Премиерот тврди дека „патот кој досега се оди е погрешен и мора да се бара решение“.
„Подготвени сме да седнеме и да најдеме решение со владата во Бугарија. Да разговараме за се, за можните ризици. Неприфатливи се изјавите дека сè уште треба да направиме ова или она. Направивме многу за европските вредности , но добивме нула“, изјави тој.
Писонеро нагласи дека Европскиот совет јасно ги изнел своите очекувања од Скопје, а тие се директно поврзани со ветените уставни измени.
„Договорот од Преспа мора да се почитува и спроведе од сите политичари во Северна Македонија“, додаде таа.
О.К.