Не изостанаа пораките до Унгарија за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски, на вчерашната дебата на европратениците, каде мнозинството одлучија да побараат почесток на преговори со Македонија во јуни 2019.
Известувачот Иво Вајгл оцени дека одобрениот азил претставува „неприфатливо мешање“ од страна на унгарските власти.
-Загрижен сум за случајот со Груевски, Унгарија мора веднаш да го врати, со ова Унгарија прави опасен преседан, изјави Романецот Боштинару.
Преда ја обвини Унгарија дека станала „земја на азил за корумпирани луѓе“ цитирајќи романски случаи.
-Тоа што Орбан го направи не е поддршка на Македонија, изјави Преда.
Европратеникот од унгарски Фидес, Ласло Токес, изјави дека Унгарија продолжува да го поддржува проширувањето кон Западниот Балкан, вклучително и Македонија.
-Го отфрламе тоа што социјалистите и зелените го користат случајот со Груевски за идеолошки напад врз Унгарија, изјави Токес .
Тој порача дека унгарскиот потег најдобро се разбира во контекстот на „миграциските активности и лобирањето на Сорос“.
-Давањето азил беше согласно законска процедура, и секој ќе се согласи дека се потребни дополнителни напори за да се заштити судството од политичко мешање, рече Токес.