Четворица европратеници тврдат дека вчера хрватската полиција не им дозволила да ги испитаат наводите за лошо постапување со мигрантите кои влегуваат од Босна во Хрватска.
Тие ова го нарекоа меѓународен и дипломатски скандал, бидејќи нивната посета, како што тврдат, била уредно најавено.
Хрватската полиција смета дека станува збор за провокација.
Настанот се случил вчера во пограничната зона меѓу БиХ и Хрватска, кога четворица европратеници и тројца репортери од Италија дошле во судир со хрватската полиција.
Како што објавија италијански медиуми, тие велат дека биле спречени да проверат како хрватските полицајци се однесуваат кон илегалните мигранти кои ја преминуваат границата од БиХ.
Според италијанскиот портал „Авенире“ наведува дека полицијата ги избркала набудувачите за да ги спречи да видат направат увид во контролен пункт во блиската шума. Неколку полицајци, тврди порталот, ги блокирале новинарите додека десетина други – преминот.
Покрај Брандо Бенифеи и Алесандра Морети, во делегацијата бил и Пјетро Бартоло, потпретседател на Европската комисија за човекови права.
-Можеби нема да најдеме никој таму. Но, ние сакаме да видиме каде е таа граница ,изјавил Бартоло, додавајќи дека вакво нешто виделе само Курдистан или Палестина.
По враќањето од границата, европратениците се состанаа во Бихаќ со претставници на локалните власти и владата на кантонот Уна-Сана.
Бројни медиуми пишуваа за наводно нехуман третман на мигрантите, што Хрватска постојано го негира, заедно со сведочењата на самите мигранти. Апелите на меѓународните организации до Брисел и Загреб никогаш не завршија со утврдување што навистина се случува на границата меѓу БиХ и Хрватска.
Мигрантската криза, со години предизикува тензии во односите меѓу Загреб и Сараево. Од босанска страна можеа да се слушнат сериозни обвинувања, па дури и дека хрватската полиција нелегално влегува територијата на БиХ. Официјален Загреб сето тоа го демантира.