Европол: Фалсификатор од Неапол продал лажни осум милиони евра во Европа

by fokus

Во Неапол минатата недела бил уапсен фалсификатор осомничен за печатење 11 милиони евра во лажни банкноти, соопшти денеска Европол.

Европол објави дека уапсениот, кого не го именува, веќе продал осум милиони евра фалсификувани банкноти низ цела Европа и додаде дека полицијата од него запленила речиси три милиони евра фалсификувани банкноти.

– Покрај тоа, се верува дека уапсениот фалсификатор е одговорен за повеќе од 27 отсто од сите откриени фалсификувани банкноти на евра повлечени од оптек само во 2023 година, соопшти Европол.

Европол, чие седиште е во Хаг, информира дека во апсењето учествувала и француската полиција бидејќи голем дел од фалсификуваните банкноти фалсификаторот ги пуштил во оптек во Франција.

Поврзани новости