Две години по избувнувањето на Ковид-19, Европа наскоро може да влезе во „долг период на смиреност“ поради високите стапки на вакцинација, полесната варијанта Омикрон и крајот на зимата, соопшти СЗО.
– На овој период на повисока заштита мора да се гледа како на примирје што може да ни донесе траен мир, изјави пред новинарите генералниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге. -Овој контекст, кој досега не сме го доживеале во оваа пандемија, ни остава можност за долг период на смиренос“, додаде тој.
– Покрај тоа, Европа ќе биде во подобра позиција да одврати какво било обновување на трансмисијата на инфекцијата, „дури и на повирулентна варијанта“ од Омикрон, додаде тој.
– Верувам дека е можно да се одговори на новите соеви кои неизбежно ќе се појават – без повторно наметнување на такви деструктивни мерки какви што ни беа потребни претходно, рече Клуге.
Сепак, Клуге предупреди дека оптимистичкото сценарио ќе се оствари само ако земјите продолжат со кампањите за вакцинација и го засилат мониторингот за откривање нови варијанти на коронавирусот.
Тој, исто така, ги повика здравствените власти да ги заштитат ризичните групи и да промовираат индивидуална одговорност.
Со ширењето на позаразната варијанта Омикрон, инфекциите нагло се зголемија во европскиот регион на СЗО, кој вклучува 53 земји, вклучително и некои од Централна Азија.
Според СЗО, минатата недела во регионот се регистрирани околу 12 милиони нови случаи, што е највисоко ниво од почетокот на пандемијата.