Европа старее: ЕУ секоја година губи 1 милион работоспособни луѓе

by Fokus

Земјите-членки на Европската унија ќе мора да се соочат со тешки предизвици бидејќи населението на континентот старее, предупреди комесарката за внатрешни работи на Европската унија, Илва Јохансон.

При посетата на Грција таа рече дека „работното население во ЕУ се намалува за еден милион годишно, што значи дека легалната миграција треба да се зголемува за речиси еден милион годишно“.

Таа рече дека има итна потреба да се запре илегалната миграција и да се најдат полегитимни алтернативи.

Европската комисија се обидува да ги промени правилата за миграција низ ЕУ пред крајот на нејзиниот мандат и изборите за Европскиот парламент во јуни, а прелиминарен договор беше постигнат минатиот месец.

Според проекциите направени од агенцијата за статистика на ЕУ, Евростат, уделот на населението постаро од 65 отсто ќе се зголеми од 21,1 отсто во 2022 година на 31,3 отсто до крајот на овој век.

Иако загриженоста за миграцијата ја зајакна поддршката за екстремно десничарските и анти-ЕУ партии во многу европски земји, Јохансон тврди дека „предизвикувањето ксенофобија и расизам“ е генерирано од илегалната миграција.

Поврзани новости