Европа се соочува со, досега, најтешка епидемија од птичји грип, покажуваат податоците од истражувањата на институтот на германската влада.
-Во моментот се соочуваме со најсилна епидемија на птичји грип досега во Германија и во Евроа“, објави институтот „Фридрих Лофлер, гермаснки сојузен истражувачки институт за здравјето на живтоните.
Нови случаи се откриваат секојдневно и не се зафатени само дивите птици, велатод институтот.
-Нема крај на видикот – погодени се земји од Финска до Фарските Острови и Ирска, од Русија до Португалија, велат од таму.
Случаи се пронајдени и во Канада, Индија и Источна Азија.
Само во Германија, откриени се 394 случаи кај дивите птици, меѓу кои патки, лебеди и галеби, од почетокто на октомври до 29 декември. Случаите првенствено се откриени покрај брегот.
Институтот забележал и 46 случаи на германските фарми за птици.
Во истата временска рамка во Европа, забележани се 675 зарази кај диви птици и 534 меѓу стоката.
Дополнителни случаи се забележани кај цицачите оваа година, на пример меѓу црвените лисици во Холандија и во Финска, сивите морски лавови во Шведска, морските лавови во Германија и видрите во Финска.