Eвропа ќе има нов шампион, Швајцарија ја елиминираше Италија

by Фокус

Eвропа и дефинтивно ќе има нов шампион, откако Швајцарија славеше победа од 2:0 во Берлин и така ја елиминираше Италија од Европското првенство.

Победата на Швајцарците е апсолутно заслужена. Италија не одигра скоро ништо и во цел натпревар немаше ниту една посериозна прилика за гол.

Резултатот беше отворен по 37 минута кога Фраулер на асистенција на Варгас го совлада Донарума. Само што започна вториот дел Варгас со еден прекрасен гол зголеми на 2:0.

Поврзани новости