Европа ја менува енергетската зависност од Русија за зависност од САД?

by Fokus

Портпаролот на Кремљ Димитри Песков денеска изјави дека ЕУ ј ослободувајќи се од зависноста од рускиот станува зависна од американскиот течен нафтен гас, при што Брисел има многу помала корист од таквата трансакција.

„Европа има апсурдна желба да се ослободи од зависноста од Русија. Но, во исто време, тие не зборуваат за размена на една зависност со друга, односно зависноста од Русија ја замениле со зависност од американскиот течен природен гас. Тоа е слична зависност, само со многу помал реципроцитет“, изјавил Песков.

„И сега, кога Европејците губат милијарди евра секој ден, тие милијарди ги заработува Вашингтон“, рече Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна оцени дека евтините и сигурни руски извори на енергија се конкурентна предност за Европа, па дури и делумното напуштање од нив веќе негативно влијае на нејзината економија и жителите.

Поврзани новости