Европа го губи здивот!

by fokus

Трагедијата што и се случува на Украина и нејзините граѓани и односот на ЕУ и САД кон неа, само го потврдува ривалството меѓу нив, на штета на малите народи и држави.

Пишува Тито ПЕТКОВСКИ

Без претензија да правам анализа на војната што Русија и ја објави на Украина,сакам со едно потсетување од нашата понова историја да Ви го пренесам моето уверување, дека ЕУ, во овој момент не е способна да одговори на предизвиците со коие е соочен современиот свет и во најновата распределба на моќта на глобален план, сериозно заостанува зад останатиот развиен свет.

Процесот на маргинализација на Европа доби во динамика со излегувањето на Велика Британија од нејзиниот состав.

Патем, Велика Британија продолжи да ја игра улогата на американски носач на авиони.

Имено,по војната од 2001 година,во Македонија “дојде “Килибарна лисица”,како мисија во состав на НАТО,со задача да помогне во заштита на безбедноста на државата и нејзиниот суверенитет.По истекот на мандатот на “Килибарна лисица”,во Македонија започна дискусија околу прашањето, дали ни треба нова мисија и доколку ни треба,од чиј состав треба да бидат.

Едни говореа дека за одбраната и безбедноста на државата, посреќно решение би било да продолжи мандатот на НАТО, додека други се определуваа за Европските сили за брза интервенција, тргнувајќи од претпоставката дека сме европска земја. При тоа, дел од релевантни македонски аналитичари, околу оваа дилема укажуваа на опасноста од можното разидување меѓу НАТО(САД) и ЕУ во евентуално нова криза во Македонија. Европа се уште беше хетерогена и оптоварена со конфликтни национални интереси, што од своја страна го усложнуваше процесот на изградба на заедничка одбранбена политика.

Дел од моќните европски држави не го криеја својот историски багаж при распадот на некогашна Југославија и отворено ја искажуваа својата поддршка, само за некои држави што произлегоа од поранешна Југославија (Германија кон Словенија и Хрватска а Франција кон Србија).

При носење на конечната одлука, наш сериозен проблем претставуваше можноста во составот на Европските сили да партиципира и Грција, со која имавме отворени прашања. Пред се’, Грција силно се противеше на нашето членство во НАТО и ЕУ.

Во една таква ситуација, крајно неизвесен беше односот меѓу ЕУ и САД, односно,меѓу НАТО и Европските сили за брза интервенција. Дали ќе се однесуваат кооперативно или конкурентски и како тоа ќе се одрази на евентуална нова криза во Македонија.

Еминентни амерички аналитичари од тој период, тврдеа дека главниот архитект на европските сили Хавиер Солана имал намера, здружените европски сили да ги трансформира во самостојна воена организација, партнерски ориентирана кон НАТО.

Во тој миг на Македонија и беше неопходна помошта и подршката и од ЕУ и од НАТО(САД), нешто слично како сега на Украина. Слично, затоа што во тоа време Македонија не беше членка на НАТО и се уште не е членка на ЕУ.

Токму во тие денови, угледниот германски весник „Зидојче цајтунг” излезе со став дека „Македонија е како измислена земја за првата мисија на Силите на ЕУ, подвлекувајќи при тоа дека „Европа води мачна борба за своја армија, но во тој процес сериозно ја блокира НАТО“.

ЕУ во мисијата во Македонија гледаше можност за тест на идејата „ЕУ да се ослободи од туторството на Вашингтон и конечно да се осамостои од “љубоморните Американци”, заклучува весникот. Од тогаш па до денешната војна во Украина, поминаа 20 години.

Трагедијата што и се случува на Украина и нејзините граѓани и односот на ЕУ и САД кон неа, само го потврдува ривалството меѓу нив, на штета на малите народи и држави.

Претседателот на Украина, драматично ја повикува ЕУ: „Докажете дека сте со нас во војната што ја водиме со Русија”.

На тој повик шефот на Европскиот совет ладнокрвно му одговара: „Во Европа има различни погледи”.

И по изминати 20 години од кризата во Македонија, ЕУ се уште не може да ги усогласи ставовите меѓу земјите членки, по клучните прашања од значење за безбедноста на самата ЕУ.

Поврзани новости