Еврокомесарот за трговија поднесе оставка поради корона-забава

by Фокус

Комесарот за трговија на ЕУ, Фил Хоган, поднесе оставка поради политичкиот скандал кој се случи околу неговата посета на вечера за голф со што ги прекрши ограничувањата за корона вирусот во Ирска. Хоган, како што јавуваат медиумите, ќе ја објави својата оставка на ирскиот радиодифузер РТЕ.

Негова одлука да се повлече од една од најмоќните работни места во Брисел претставува голем удар за Европската комисија затоа што Ирецот се сметаше за искусен политичар, со сериозна моќ за преговори.

Хоган (60), кој е комесар во два мандати, првично избегна да се извини и остана на својата работа неколку дена откако минатиот четврток се појавија вести за настанот на друштвото за голф во ирските весници.

Неговата позиција стана сѐ понеизвесна по големото јавно негодување во Ирска дека високи политичари и судии ги кршеле правилата за корона вирусот додека очекуваат граѓаните да се држат до нив.

Поврзани новости