Еврокомесарот за безбедност: Македонија е земја на потекло и транзит за нелегално огнено оружје

by fokus

Еврокомесарот за безбедност, Џулиан Кинг, синоќа ги брифираше европарламентарците за безбедносната состојба и соработка во земјите од Западен Балкан. Македонија испливува како важна земја на потекло, транзит и дестинација за нелегално огнено оружје, рече комесарот.

-Безбедносната состојба во регионот е предизвик, но има и директен импакт врз нашата безбедност во ЕУ. Подобро е да извезуваме безбедност отколку да увезуваме нестабилност, рече комесарот во својот воведен говор, истакнувајќи ја важноста од засилена соработка со земјите од регионот во делот на безбедноста.

Главните безбедносни предизвици за земјите од Западен Балкан се мрежите на организиран криминал. што, исто така, се присутни во ЕУ, трговијата со оружје, џихадизмот, но и кибернападите и стратешката дезинформација и пропаганда, најчесто со руско потекло или спонзорирана од Русија.

Македонија беше експлицитно спомената од страна на еврокомесарот како земја на потекло, транзит и дестинација за огнено оружје, иако проблемот е присутен речиси во сите земји од регионот како последица на војните од деведесетите, посебно Босна и Херцеговина, која има највисока стапка на огнено оружје по жител.

-Огромен број муниција остана во јавен промет по војните, меѓу половина милион и 1,6 милиони домаќинства поседуваат огнено оружје, што доведе до големо зголемување на шверцот, рече комесарот Кинг.

Мрежите на организиран криминал се присутни во регионот, но посебно во Албанија и албанофонските заедници, истакна Кинг кој додаде дека “албанофонски криминални групи“ се инволвирани во разни криминали во земјите членки на ЕУ, како со тешки кражби, напади врз сопствеништва или, пак, напади брз банкомати. Албанија, исто така, е дестинација за украдени возила од ЕУ, како и земја на потекла за трговија со дрога во ЕУ.

-Ширум Европа, предизвик е организираниот криминал со потекло и поддршка од Албанија, изјави комесарот.

Црна Гора, пак, е „главна влезна точка“ за кокаин со потекло од Јужна Америка, што пристигнува преку брод и е наменет за земјите од ЕУ. А во Србија највеќе се произведуваат синтетички дроги.

Поврзани новости