Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија: Членството во НАТО значи имате уште триесет и една земја посветени да ве заштитат и бранат од кој било агресор

by Fokus

Во текот на 75те години од своето постоење, Алијансата успеа да издржи предизвици, да ја прошири својата улога и мисија, па и значително да порасне во големина. Силната врска меѓу Европа и Северна Америка и умешноста да се трансформира го направи НАТО најуспешниот политичко-воен сојуз во светот.

Од 12 основачки земји членки, денес на 32 сојузници, НАТО обезбедува мир и безбедност за над една милијарда луѓе од двете страни на Атлантикот, соопштија денеска од Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија, по повод 75 годишнината од формирањето на НАТО.

Оттаму наведуваат дека придобивките за Македонија се јасни

-Земјата се приклучи на најуспешниот сојуз во историјата и доби место и рамноправен глас. Членството во НАТО значи да имате уште триесет и една земја посветени да ве заштитат и бранат од кој било агресор. Безбедноста е исто така основа на просперитетот.

Како Евро-Атлантски Совет, заедно со нашите партнери од целиот свет, ќе продолжиме да ги промовираме евро-атлантските вредности во нашето општество, со цел унапредување на демократијата, слободата, човековите права, развојот и безбедноста на нашите граѓани, стои во нивното соопштение.

Поврзани новости