ЕВН со мерки за заштита од корона вирусот

by fokus

ЕВН, во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, презеде низа мерки за заштита на здравјето на вработените и корисниците, велат од компанијата и најавуваат дека во целост ќе се почитуваат мерките и препораките од последната владина седница, кои се однесуваат на справување со заканата од корона вирусот.

-Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, апелираме фреквенцијата на корисници во приемните канцеларии во корисничките енерго центри и во Инфо центарот во ГТЦ да се намали на минимум и да се користи и почитува електронскиот систем за ред на чекање. Ве молиме посетите на приемните канцеларии да се прават само за неодложни барања и услуги. Следните 14 дена додека важат мерките за заштита нема да работи приемната канцеларија на ЕВН во Дебар, соопшти ЕВН.

- Advertisements -

Оттаму потсетуваат дека сите останати информации корисниците може да ги најдат на  веб страницата www.evn.mk – да пратат допис на info@evn.mk – и да ги користат онлајн услугите на www.evnonline.mk

-На корисничкиот портал www.evnonline.mk без да се регистрираат корисниците може да се пријават за електронска фактура и брзо да платат фактури. Со регистрација на профилот достапни се услугите: проверка и плаќање на долгови, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци, увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил и барање за потврда за успешно плаќање, порачуваат од ЕВН и ги повикуваат корисниците да ги применуваат и препораките од Светската здавствена организација и Министерството за здравство.

Поврзани новости