Вработените на ЕВН Македонија волонтираа во рамки на најголемата еколошка акција во земјава за чистење на отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 24”.
Четириесетте волонтери собираа отпад на локацијата околу хидроцентралата „Матка“ и Изложбениот центар „Матка“.
Приклучувањето кон оваа акција го одразува контуинираниот придонес на компанијата во минимизирање на негативните влијанија и зголемување на позитивното влијание врз животната средина и општеството во целина.
„Партнерската улога на ЕВН Македонија во овој проект е доказ дека сме целосно посветени, ги воспоставуваме принципите на одржливост во сите наши активности и одговорно ги користиме ресурсите што ни се доверени за да ја зачуваме животната средина за идните генерации. Ја препознаваме клучната улога во промовирањето на еколошките, социјалните и принципите на управување и усогласеноста со ESG стандардите. Одговорноста за развојот на стратегијата за одржливост е приоритет на највисоко корпоративно ниво, а наша должност е да придонесеме за одржлива животна средина и да создадеме зелена иднина за земјата“ – изјави Јирген Флајшхакер, заменик претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
ЕВН во сите свои активности ги втемелува принципите на одржливост и се стреми за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Енергетиката и заштитата на животната средина се меѓусебно поврзани сегменти и наша цел е да дадеме свој придонес во подигнување на јавната свест за правилно собирање, селекција и одлагање на отпад.
Во оваа насока, спроведуваме разновидни проекти за заштита на биолошката разновидност, управување со отпад и опрема која содржи полихлорирани бифенили (ПХБ), заштита на почвата, водата и подземните води.