Единствениот музеј за електрична енергија во земјата, музејот „Матка“ на ЕВН Македонија, од 6-ти март е повторно отворен за посетителите. Првиот ден на новата сезона се одбележа со настан за енергетската ефикасност на кој експерти од компанијата објаснија зошто разумното користење на енергијата е од посебна важност. На целодневниот настан учествуваа стипендисти на компанијата на техничките факултети и ученици од паралелките за дуално образование на ЕВН во СЕТУ „Михајло Пупин“.
Преку експонатите со мултимедијален и интерактивен пристап, учесниците се запознаа со поимот и историјата на електричната енергија, производството, преносот, дистрибуцијата и снабдувањето. Во текот на настанот, тие добија многу совети за штедење на електрична енергија и разумно користење на истата.
Глобалната енергетската криза пробуди голем интерес кај граѓаните од сите возрасни групи за да се информираат во врска со енергетската ефикасност и штедењето, а токму во овој Изложбен центар посетителите може да научат повеќе на овие теми. Содржините во музејот „Матка“ се на македонски, албански и англиски јазик, а влезот е бесплатен.
Изложбениот центар „Матка“ е отворен во 2017 година. Објектот е сместен во зградата на старата хидроцентрала на Матка во Скопје. До сега вкупно го имаат посетено околу 20.000 посетители. Центарот е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија, како и на Националната награда за општествена одговорност, што ја доделува Министерството за економија.
Повеќе информации и закажување на посети на:www.matka.com.mk
Заследете не на: Facebook: Матка – Изложбен центар / Matka – Exhibition Center /Instagram: matka.exhibition.center