ЕВН Македонија ги отвори вратите за децата на вработените

ЕВН Македонија и годинава ја реализираше едукативната програма „Со децата на работа“

by fokus

ЕВН Македонија веднаш по завршување на школската година повторно ги отвори вратите за децата на своите вработени. Традиционално еднаш годишно, најмладите ги посетуваат работните места на родителите и се запознаваат со компанијата.

Над 200 млади учесници, деца на вработените од сите скопски централни оддели и Кориснички енерго центри во земјава, денес учествуваа на едукативни работилници, правеа експерименти, се дружеа и се забавуваа.

Едукативната програма „Со децата на работа“ е креирана со цел да ги инспирира на најмладите да развијат интерес за техничките науки. На централниот настан во Скопје, присутен беше и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Мајер.

„Денес сакавме да ги инспирираме најмладите, давајќи им можност директно да искусат што значи еден работен ден и кариера во нашата компанија. Одушевен сум што во нашите млади гости гледам идни техничари, сметководители, инженери, па дури и менаџери. Ги охрабрувам младите да почнат со планирање и создавање на својата иднина. Учете, вклучувајте се, предизвикувајте се, откријте и исполнете го вашиот потенцијал.“ рече г-дин Мајер.

Вработени во компанијата, инженери, правници, економисти, менаџери, електромонтери и други профили, во текот на денот на своите деца им ги презентираа работните задачи кои тие ги извршуваат.

ПР текст

 

Едукативната програма „Со децата на работа“ се организира од 2016 година, на територијата на целата држава, во сите организациски единици и компании во рамки на семеjството компании на ЕВН.

Поврзани новости