ЕВН Македонија на настанот по повод одбележувањето на 102 годишнината од постоењето на Стопанската комора доби награда за своите континуирани напори за воведување на напредни технологии, дигитализација и зелена агенда.
Стопанската комора им додели награди на најуспешните компании и личности за нивните достигнувања и придонес кон економскиот напредок на државата.
Наградите беа доделени во категориите „Награда за долгогодишна Коморска активност“, „Награда на Комората за градење на партнерства, засилување на врската и заеднички дејствувања во градењето на просперитетна македонска економија“ и „Награда за воведување напредни технологии, дигитализација и зелена агенда“.
Во изминатиов период ЕВН интензивно беше посветена на дигитализација на услугите за корисниците, но и работните процеси. Со овие инвестиции, покрај модернизација, ефикасност и ефективност во работењето, компанијата постојано ги унапредува услугите пресретнувајќи ги потребите на корисниците. Во рамки на дејноста, исто така активно се прават инвестиции во обновливи извори на електрична енергија, како долгорочна заложба за одржлива зелена енергетска иднина.