До Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН во Тетово денеска било доставено официјално барање на Здружението на албански електричари „Дрита“ кое ќе биде разгледано во ЕВН Македонија, а компанијата ќе одговори на барањата што се во нејзина надлежност.
За останатите барања, кои беа искажани на денешниот протест во Тетово, како што на пример е реакцијата за висината на цената на струјата здружението „Дрита“ ќе треба да бара одговори на соодветно место – во Регулаторната комисија за енергетика, која ја утврдува цената на електичната енергија на подрачјето на целата држава.
„Барањето ќе биде разгледано од наша страна и соодветно постапено во деловите што се однесуваат на работата и надлежноста на ЕВН Македонија. Во деловите кои не се во наша надлежност и не се адресирани до нас, како што се цената на електричната енергија, тарифи, тарифни ставки и сл. се на адреса на регулаторните тела кои се надлежни за тоа“, вели Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.
Здружението „Дрита“ и покрј тоа што цената на струјата ја утврдува државниот регулатор, протестот денеска го насочија и против компанијата ЕВН,а освен намалување на цената на струјата бараа и пониски такси за новите приклучоци.