ЕВН: Денес имаше прекин на струјата поради дефект на МЕПСО

by fokus

Од ЕВН ги информираат граѓаните дека денеска имало прекин во снабдувањето со струја за корисниците кои се напојуваат од трафостаниците кои се поврзани со далекуводот Скопје 3-Козле, потенцирајќи дека проблемот не бил во нив, туку во МЕПСО.

-Денеска во 15:50 часот настана прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците кои се напојуваат од трафостаниците кои се поврзани на 110кВ далекувод Скопје 3 – Козле, во ТС Скопје 3. На овој далекувод кој е во сопственост на ЕВН нема регистрирано дефект, туку не доаѓа електричната енергија од ТС Скопје 3 која е во сопственост на АД МЕПСО и потоа истата да се дистрибуира до корисниците. Која е причината за ова се утврдува, но за да не останат корисниците подолг период без електрична енергија тие беа префрлени на други напојни точки. За 40 минути сите корисници повторно беа вклучени во дистрибутивната мрежа.

Изминатите два дена во истата ТС Скопје 3 на АД МЕПСО  реагираше заштитата при што во прекин беше 110 Кв врска на ЕВН Скопје 3-Запад. Дел од корисниците од населбите Водно, Капиштец, Козле, Карпош 2, Ѓорче Петров, Влае, Тафталиџе, Сарај  кратко време останаа без електрична енергија. Екипите на ЕВН веднаш реагираа, а корисниците беа префрлени на други напојни точки и беше нормализирано снабдувањето со електрична енергија, информират од ЕВН.

 

Поврзани новости