На територијата на Република Северна Македонија заклучно со утринава се евидентирани вкупно 10 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи. Од нив, еден пожар е сè уште активен, еден е под контрола, додека осум се целосно изгаснати.
Активен пожар: Општина Долнени, село Стровија – пожарот се шири позади местото викано Гајдарец-Клепало и зафатил нискостеблеста шума. Надлежните служби се на терен и работат на негово локализирање.
Под контрола: Општина Берово, планина Готен кон Малешевските планини – пожарот зафатил борова и букова шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Интервенцијата е во тек и огнената линија е ставена под контрола.
Изгаснати пожари:
-
Кичево – село Србица (ниска вегетација и стрниште)
-
Куманово – село Провеце, кај црквата Св. Мина (ниска вегетација)
-
Липково – село Никуштак (ниска вегетација и стрниште)
-
Чашка – село Мартолци (ниска вегетација)
-
Ресен – село Перово (ниска вегетација и трска)
-
Битола – улица Довлеџик (ниска вегетација)
-
Гевгелија – автопат Гевгелија–Демир Капија, кај село Миравци (ниска вегетација)
-
Струга – село Велешта (ниска вегетација)
Надлежните институции апелираат до граѓаните за зголемена внимателност, особено при движење и престој во природа, имајќи предвид високите температури и ризикот од нови пожари.