Денеска околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Велес.
Ова е втор пат во Кавадарци да пристигнат дојави за бомби, откако на петти декември закани добија шест училишта, и тоа три основни и три средни.
Тогаш освен училиштата, беше евакуирана и детска градинка која се наоѓа во близина на едно од училиштата.
Од крајот на октомври, откако започнаа дојавите за бомби, првин во средни училишта во Скопје, а потоа и во други институции, сторителот се уште не е пронајден.
В.К.