Пожар изби денеска во близина село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа борова шума која се протега веднаш над манастирот, а покрај екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Прилеп, на терен излегоа стотина вработени во јавните претпријатија, како и поголем број на доброволци.
Пожарот започнал во моментот кога кај манастирот се наоѓале околу 500 ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп кои таму биле на еднодневна екскурзија. Поради опасноста, тие биле евакуирани од местото.
-Имавме план како да ги евакуираме учениците, успеавме во колона пешки со колегите да ги извлечииме децата. Огнот до манастирот се прошири за само 10-тина минути – кажа Зоран Сребреноски, директор на ООУ „Св. Климент Охриски“ Прилеп.