Евакуирани четворица македонски државјани од воените судири во Судан

by Fokus

МНР информира дека вчера од Судан, кој е зафатен со воени судири, се евакуирани четири државјани на Република Северна Македонија. Според информациите евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија.

– ЕВАКУИРАНИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО МОМЕНТОТ СЕ НАОЃААТ ВО ГРАДОТ ЏЕДА, САУДИСКА АРАБИЈА. НАШАТА АМБАСАДА ВО АБУ ДАБИ Е ВО ПОСТОЈАНА КОМУНИКАЦИЈА СО ТАМОШНИТЕ ВЛАСТИ, ВО НАСОКА НА НИВНО ВРАЌАЊЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. ДО СЕГА СЕ ЕВАКУАИРАНИ ВКУПНО 4.879 ЛИЦА, ОД КОИ 139 СЕ САУДИЈЦИ, А ДРУГИТЕ СЕ ОД 96 ЗЕМЈИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, МЕЃУ КОИ И ОД ЕВРОПА, САД, А ОД НАШИОТ РЕГИОН ОСВЕН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СЕ И ГРЦИЈА И БИХ, СООПШТУВААТ ОД МНР.

Од МНР велат дека со внимание го следат развојот на состојбите во Судан и се во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата.

– ВО ОВАА ПРИЛИКА АПЕЛИРАМЕ ДОКОЛКУ ИМА НАШИ ДРЖАВЈАНИ КОИ СЕ НАОЃААТ ВО ТЕРИТОРИЈАТА НА СУДАН ДА ЈА КОНТАКТИРААТ АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО АБУ ДАБИ НА СЛЕДНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ +971 56 441 7532 И Е-МЕЈЛ АДРЕСА ABUDABI@MFA.GOV.MK,  АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО КАИРО НА СЛЕДНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ +201033615542 И Е-МЕЈЛ АДРЕСА CAIRO@MFA.GOV.MK, КАКО И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА СОС ТЕЛЕФОНОТ + 389 75 273 732 И СЛЕДНАТА Е-МЕЈЛ АДРЕСА GLOBALSOS@MFA.GOV.MK, ИНФОРМИРА МАКЕДОНСКОТО МНР

Поврзани новости