Евакуирани 2.400 луѓе поради пожар во Андалузија

by fokus

Околу 2.400 луѓе се евакуирани поради пожар кој е надвор од контрола во шпанската покраина Андалузија, соопштија денеска властите.

Пожарот избувна во четвртокот на планините во близина на градот Алмонастер ла Реал, на 120 километри северозападно од градот Севиља. Од тогаш се зафатени 90 квадратни километри.

Во акцијата за гаснење на пожарот учествувале 24 авиони и еден хеликоптер, со околу 450 лица, вклучувајќи пожарникари и воен персонал за итни случаи.

Дополнителни 70 лица беа евакуирани во саботата поради пожар во Мула, мал град на југоистокот на регионот Мурсија, додека пожарникарите исто така се обидуваат да изгаснат два пожара во западната провинција Ектремадура.

Поврзани новости