371
Персоналот за итни случаи синоќа евакуираше авион на aвиокомпанијата „ЏетБлу“ на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк поради чад што излегувал од лаптоп.
Екипажот на авионот пријавил чад од лаптоп во кабината на пилотите при слетувањето на аеродромот.
Во авионот, кој летал на релација Барбадос – Њујорк имало 167 луѓе кои биле евакуирани. Според официјални лица, пет лица се здобиле со полесни повреди.