Денеска во Стразбур се случи експлозија во возот кој превезувал пратеници од Европскиот парламент назад во Брисел, пренесува „Политико“.
Политичарите штотуку се качиле во возот на Еуростар во 14 часот и 57 минути, кога била извршена евакуација.
Емануел Фулон, белгиски парламентарен асистент на групата Обнови Европа, напиша на интернет дека слушнал „експлозија“.
Пеле Герцен, дански функционер од партијата Левица, ја опиша евакуацијата како „хаотична“.
Противпожарните служби излегоа на местото на железничката станица во Стразбур.
„Имаше технички инцидент во возот на станицата во Стразбур“, потврдија од прес-службата на парламентот, додавајќи дека нејзините служби се во контакт со надлежните органи и прават се за да организираат алтернативни превозни средства.