Евакуација на над 70.000 луѓе по невремето на музички фестивал во Невада

by Fokus

Околу 70.000 луѓе остануваат блокирани на фестивалот„Брнинг Ман“  кој се одржува во американската сојузна држава Невада, откако областа ја зафати невреме со силен дожд.

На местото на фестивалот дождот го претвори пустинскиот песок во длабока, лизгава кал. Влезните и излезните патишта се затворени затоа што возилата едвај возат по нив. Фестивалот се одржува во пустината Блек Рок, која обично е сува и правлива.

Покрената е истрага за смртта на едно лице, околностите на смртта се уште не се познати.

-Канцеларијата на шерифот на округот Першинг во моментов ја истражува смрт што се случи за време на овој дожд, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на округот Першинг, додавајќи дека семејството на лицето е известено.

Силниот дожд го отежнува заминувањето на луѓето со возила, а канцеларијата на шерифот соопшти дека некои обиди да го сторат тоа дополнително ја влошиле земјата. Се очекуваат нови врнежи, а властите рекоа дека може да поминат неколку дена пред земјата да се исуши доволно за луѓето да си заминат.

Поради оваа причина на луѓето им беше кажано да чуваат храна и вода. Не се користат ниту фестивалските тоалети, велат посетителите на фестивалот, бидејќи службените возила не можат да се движат низ калта за да ги испразнат.

Настанот требаше да трае од 27 август до 4 септември оваа година, кога посетителите еднаш годишно во пустината Блек Рок во Невада создаваат Блек Рок Сити привремена метропола посветена на заедницата, уметноста, самоизразувањето и самодоверба.

Луѓето си помагаат едни на други, и изјавиле дека имало и полоши состојби од оваа, што е вушност и идејата на настанот заедницата да си помага меѓусебно.

Поврзани новости