Евакуација на Флорида, и се заканува голем ураган

by Fokus

Властите на Флорида денеска наредија евакуација на жителите на западниот брег пред пристигнувањето на ураганот Идалија, кој може да се зајакне и да стане „исклучително опасен“ пред да падне на копно во среда.

„Ако ви кажат да се евакуирате, тоа мора да го направите веднаш. Ќе биде голем ураган“, рече гувернерот Рон ДеСантис на прес-конференција.

Тропската бура Идалија преку ноќ стана ураган, соопшти американскиот Национален центар за урагани(НХЦ), додавајќи дека се очекува бурата „брзо да се зајакне и да стане исклучително опасен и голем ураган пред да пристигне во среда“. „Големиот ураган“ е класификација што се однесува на оние урагани кои ја надминуваат категоријата 3 на скалата Сафир-Симпсон од вкупно 5.

Ваквите урагани најчесто предизвикуваат „катастрофално уништување“, предупреди НХЦ. Во времето на најновиот билтен на НХЦ, тропската бура Идалија се наоѓала на околу 440 километри југозападно од пристаништето Тампа на Флорида со силни ветрови до 140 километри на час.

Силен ветер што ја придружуваше Идалија ја погоди Куба денес Невремето со себе донесе обилни дождови кои резултираа со поплави, особено во Хавана. Според прогнозите Идалија потоа ќе помине низ Мексиканскиот залив, каде во моментов се формира „морски топлотен бран“,  што ја зголемува јачината на ураганот.

Поврзани новости