Германските пожарникари евакиураа стотина патници на аеродромот во Хамбург, откако 50 од нив биле изложени на непозната супстанца која веројатно е пуштена низ системот за вентилација.
Агенцијата АП пренесува дека германските медуми јавиле оти 50 луѓе се пожалиле дека имаат проблем со дишењето и печење на очите.
Терминалот 1 и 2 потоа се евакуирани и стотина патници морале да чекаат надвор на температури под нулата, пренесува Раша тудеј.
АП истакнува дека управата на аеродромот се уште не издала никакво соопштение и дека не се знае дали евакуацијата влијаела на воздушниот сообраќај.
Светските медиуми претходно јавија дека алармот на аеродромот е објавен претпладне кога неколкумина се пожалиле на проблеми со дишењето.
Веднаш пристигнале протипожарни возила, а спасувачките екипи ги евакуирале патниците од аеродромскиот простор кој се наоѓа мешу терминалите 1 и 2, упатувајќи ги и патниците и вработените да користа друг паркинг.