455
Повеќе од 15 илјади луѓе се евакуирани во Хановер во Германија поради бомба, останата од Втората светска војна, објави Хановерс алгемајне цајтунг.
Германските медиуми посочуваат дека поради бомбата тепка 500 килограми, пронајдена вчера попладне на едно градилиште, биле евакуирани 15.200 лица. Во таа област во прекин е и сообраќајот на подземната железница.
Поради бомбата и евакуацијата откажан е и концертот на британскиот музичар Роџер Хоџсон.