Ева Каили, донеодамнешната потпретседателка на Европскиот парламент, останува во затвор уште најмалку два месеца, одлучи денеска судот во Брисел.
Претходно нејзината одбрана побара таа да биде ослободена со нараквица за следење, објавија локални медиуми.
Судот одлучи да го остави во затвор и европратеникот Марк Тарабела. Каили беше приведена во декември, а Тарабела минатиот месец.
Судот го ослободи пријателот на Каили, Франческо Џорџи, како и нејзиниот татко, но и уште еден од наводните соучесници.
Во затвор засега останува поранешниот европратеник Антонио Панцери, обвинет дека е шеф на организирана криминална група, кој стана сведок на обвинителството и се согласи на казна под законскиот минимум.
Каили, Тарабела и Панцери се обвинети за корупција во корист на Катар и Мароко.